Македонија

Министерот за образование Адеми, на Светскиот образовен форум во Лондон

Министерот за образование и наука, д-р Арбер Адеми, овие денови ушествува во Светскиот образовен форум во Лондон, Велика Британија.

На овој форум учествуваат министри од преку 150 земји, кои имаат прилика да ги изменат нивните искуства во врска со реформите во образованието, светските образовни стандарди и особено новините и важноста на дигитализацијата во образованието.

Министерот Адеми, исто така оствари и повеќе средби во реномирани институции во Велика Британиа , како ОЕЦД, Мicrosoft и други.

Во време на посетата Адеми ги сретна и Чивнинг стипендистите од Република Македонија кои студираат на некои од најреномираните универзитети во Велика Британија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни