Македонија

Министерство за правда: Постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија

Министерство за правда: Постапката за Груевски се води институционално и без политички влијанија

Министерството за правда соопшти дека постапува исклучиво во согласност со важечките закони и меѓународните договори во рамки на сите отворени случаи, вклучително и постапката поврзана со поранешниот премиер Никола Груевски.

Оттаму информираат дека во конкретниот случај се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата, која потоа ќе биде соодветно процесирана согласно утврдената законска процедура.

Како што наведуваат од Министерството, прибирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и правно издржана основа за понатамошно постапување. Притоа се нагласува дека институцијата нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должна да постапува во рамки на истите.

Од Министерството истакнуваат и дека сите постапки се водат низ институционален процес, во координација со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или јавни квалификации.

„Министерството останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок“, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни