Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Македонија

Миноски: Без интервенцијата на Народната банка можеше да дојде до масовно повлекување пари од Алта банка

Миноски: Без интервенцијата на Народната банка можеше да дојде до масовно повлекување пари од Алта банка

Доколку Народната банка не преземеше навремени мерки во однос на Алта банка во Македонија, постоеше опасност од масовно повлекување на депозитите од страна на граѓаните и компаниите. Ваква оценка изнесе Кирил Миновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, анализирајќи ги последиците од случувањата со Алта банка во Србија.

Миновски објасни дека проблемите со доминантниот сопственик на македонската банка создале сериозна криза на доверба, иако расположливите податоци не укажуваат на значително нарушување на нејзината ликвидност.

Според него, воведените мерки од Народната банка имаат превентивен карактер и се насочени кон спречување евентуални поголеми финансиски последици.

„Сметам дека сега се преземени определени мерки кои кај нас се спроведени. Во спротивно, доколку останеше истиот сопственик и ги немавме мерките, ќе се случеше масовно повлекување на овие средства“, изјави Миновски.

Тој посочи дека ниту една банка во светот не може без тешкотии да одговори на ситуација во која голем број клиенти истовремено бараат повлекување на своите депозити во краток временски период.

Миновски објасни дека банките работат со средствата на депонентите, кои се пласираат преку кредити и други финансиски активности, поради што ненадејниот одлив на големи суми може да предизвика сериозен притисок врз ликвидноста.

Во случајот со Алта банка, според него, дополнителен ризик претставува фактот што на доминантниот сопственик во Србија му е одземена дозволата за работа.

„Самата одлука на Народната банка на Србија да ја одземе лиценцата на Алта банка е доволен сигнал нашиот регулатор да преземе администрирање со оваа банка“, нагласи Миновски.

Тој оцени дека со преземените мерки се настојува да се спречи дополнително нарушување на довербата и да се заштитат интересите на граѓаните и компаниите кои имаат средства во банката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни