Мира Карановиќ заврши во Ургентен центар

Актерката Мирјана Карановиќ е примена во Ургентниот центар.

На познатата актерка и се слошило вториот ден од викендот, поради што побарала лекарска помош, пишува „Курир“. Таа пред неколку минути била видена во здравствена установа каде била придружувана од лекар.

Се вчитува...

„Видов исцрпена жена која неверојатно личеше на Мира. Таа само изгледаше исцрпено. Слушнав кога докторката ја повика Мирјана Карановиќ да влезе во ординацијата. Сакав да и пријдам, но видов дека навистина се чувствува лошо и дека не е моментот. Во ходникот тогаш со останатите пациенти коментирав дека и во тешка состојба зрачи со некоја посебна енергија“, изјави за споменатиот медиум извор кој случајно се нашол на лице место.

Како што дознаваме понатаму, Мирјана била испратена на детални прегледи и и била приклучена инфузија. Од круговите на претставници на седмата уметност дознавме дека не се чувствувала добро последните неколку дена.