Балкан

Мирен собир денеска во Мостар поради фемицидот извршен во Градачац

Мирен собир денеска во Мостар поради фемицидот извршен во Градачац

Граѓанската иницијатива на Мостар најостро го осуди фемицидот извршен денеска во Градачац и ги повика надлежните органи да постапат во согласност со законот, а сите власти во Босна и Херцеговина сериозно да го сфатат проблемот и се почестата појава на фемицид во БиХ.

– Еден човек од Градачац објави видео со вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм и кажува на јавноста дека во живо ќе гледа убиство. После тоа, на видеото се гледа како тој испука куршум во челото на жена која е тешко претепана. Како и кај повеќето работи во Босна и Херцеговина, нешто привлекува внимание само кога „штетата е веќе направена“ – пишуваат во соопштението од Граѓанската иницијатива од Мостар.

Неопходно е да се зборува

Додаваат дека сме сведоци дека гласот на народот често не прави никакви промени, но потенцираат дека фемицидот е нешто што зема се поголем замав и дека, како такво, треба повеќе да се зборува и пишува за тоа.

– Фемицидот кај нас е реалност и од година во година станува се почест, како таков не може и не треба да се игнорира. Граѓанската иницијатива од Мостар смета дека „ниту една жена повеќе“ не треба да биде жртва на фемицид. Иницијативата го отвора прашањето уште колку жени, уште колку жртви, додека фемицидот не се воведе како посебно кривично дело и, како такво, сторителите соодветно не се казнат – се наведува.

Во 15 часот

На крајот, тие ги поканија сите невладини организации во Мостар, мажи и жени, да им се придружат денеска во 15 часот на шпанскиот плоштад во Мостар на мирен собир.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни