Шест вреќи со тела беа поставени покрај три детски велосипеди во кибуцот Кфар Аз каде терористите на Хамас масакрираа повеќе од 100 цивили во шокантен напад овој викенд.
Откако упаднаа во кибуцот, тие запалија неколку куќи „за да ги принудат жителите да си заминат“, изјави Омар Барак, 24-годишен израелски офицер.
„Но, многумина избраа смрт во пламен наместо да бидат убиени од терористи“, рече тој. „Најдовме многу тела во куќите“.
Оваа рурална заедница се наоѓа на само два километри од Газа.
Барак беше меѓу израелските војници кои два долги дена се бореле со напаѓачите за да ја вратат контролата над Кфар Аз.
„Никогаш не сум видел ништо полошо. Се скршив кога ги видов телата на убиените деца“, рече тој.
Жителите на Кфар Аза беа навикнати на тензии и насилство, но сепак избраа да живеат во близина на блокираниот Појас Газа.
Некои веруваа дека мораат да одржат израелско присуство во близина на енклавата, дури и откако Израел ги повлече своите трупи од таму во 2005 година, додека други ги изградија своите домови таму бидејќи беше поевтино од друго место во Израел.
Телата на палестинските напаѓачи беа насекаде, многумина сè уште носеа тенок црн оклоп.
Мирисот на смртта го проникна воздухот.
Израелскиот генерал Итаи Верув рече дека во кибуц израелските сили се бореле „бран по бран на терористите на Хамас“.
Имаше „70 терористи целосно вооружени, добро обучени“, рече тој.
„Во моите 40 години служба сум видел многу тешки ситуации, но никогаш вакво нешто“, додаде Верув.
Околу 400 луѓе живееле во Кфар Аз, каде што неколку израелски војници интервјуирани од АФП изјавија дека се убиени повеќе од 100 цивили. Некои рекоа дека ги имало повеќе.
Во еден дел од кибуцот, каде што жителите чуваа уредни тревници пред нивните скромни домови, лежеа остатоци од моторизирана едрилица што ја користеа милитантите.
Работите на локалното население лежеа расфрлани на земја, вклучително и оштетен скутер, уништен камион во близина на силос за жито и розова кацига.
Бизнисмен од Тел Авив и армиски резервист, кој не сакаше да биде именуван, рече дека дошол да им помогне на израелските сили да се борат против милитантите и да ја вратат контролата врз заедниците околу Газа.
„Се што сакам е мир. Тоа е единственото решение… Но, после ова не можете да имате мир со Хамас“, додаде тој.
Верув, пензиониран офицер, додаде: „Сега е време да се бориме, и ќе се бориме долго време“.