Свет

МИСЛЕВМЕ ДЕКА Е АТЕНТАТ: Силна експлозија во Париз, најмалку 16 повредени

МИСЛЕВМЕ ДЕКА Е АТЕНТАТ: Силна експлозија во Париз, најмалку 16 повредени

Неколку лица се повредени во експлозија во центарот на Париз, соопшти градоначалникот на француската престолнина.

Експлозијата се случи во улицата Сен Жак во петтиот арондисман на француската престолнина.

Фасадата на една зграда паднала на улица, а неколку згради се запалиле, јавува Би-би-си. На терен има бројни полициски сили и пожарникари.

Гардијан јавува дека дошло до експлозија на гас. Полицијата им порача на граѓаните да ја избегнуваат областа бидејќи пожарот се проширил и на соседните згради.

Главниот штаб на париската полиција во 18:05 соопшти дека има најмалку 16 повредени, пренесува Le Parisien. Седум од нив се во критична состојба.

„Слушнавме огромна експлозија која траеше многу долго, што ја почувствувавме во телото речиси како на филм. Се погледнавме, се спуштивме по скалите во тишина и излеговме надвор, видовме урнатини насекаде и останавме во дворот на зградата пред да бидеме евакуирани во Вал-де-Грејс. Мислев дека тоа е атентат“, изјави за Le Parisien еден католички образовен работник со седиште во близина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни