Култната американска серија „Сексот и градот“ продолжува да се снима под името „And just like that“. И токму кога фановите мислеа дека нема да биде така, бидејќи не може да се замисли без Ким Катрал во улогата на Саманта, пристигнаа нови изненадувачки вести.
Славната четворка, сепак, нема да се намали за еден член. Сара Џесика Паркер ги заинтригира своите следбеници на „Инстаграм“ со нова фотографија и неофицијално ја претстави замената на Саманта.
Станува збор за убавата Никол Ари Паркер, американска актерка и модел, која не е помалку заводлива од незаборавната Ким Катрал.
