Свет

Мистериозна огромна дупка се појави во Чиле (ВИДЕО)

Властите во Чиле истражуваат мистериозна дупка со пречник од околу 25 метри што се појави во текот на викендот во рударска област на северот на земјата, пишува Ројтерс.

Чилеанските медиуми објавија снимка од дупката со дрон. Веднаш биле испратени експерти во областа.

До дното има оддалеченост од речиси 200 метри и таму не се пронајдени никакви материјали.Според локалните власти, тонењето е последица на рударските активности кои се вршат во областа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни