Митко Јанчев, Ивица Коневски или можеби Сашо Мијалков за лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Коментира Мицкоски во #ClickPlus

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги објасни моменталните случувања во партијата. Во „Клик Плус“ беше прашан како моментално стои во опозицијата?

„Одлично стојам во ВМРО-ДПМНЕ. Нема тема за смена, имаше додека беше актуелно тоа после изборите, централниот комитет одлучи и толку е“, рече Мицкоски.

Многу членови бараат вонреден Конгресен, кого сакаат да донесат како лидер, според вас? Јанчев, Коневски или Мијалков?

„Не би сакал да навлегувам, но јас би сакал еден ваков одговор да дадам. Погледнете што се случува во последните три години. Јас сум цел на една брутално негативна кампања. Ме нарекуваа едно, излезе антикорупциска комисија, кажа дека нема незаконитост, па ми монтираа случај дека сум ја злоупотребувал вонредната состојба, сум бил во теретана, во кафеаната велат дека сум ја затворил вратата. Буквално три години сум напаѓан, од внатре од надвор, не знам друг политичар толку жестоко напаѓан“, рече Мицкоски.

The post Митко Јанчев, Ивица Коневски или можеби Сашо Мијалков за лидер на ВМРО-ДПМНЕ? Коментира Мицкоски во #ClickPlus appeared first on TV21.mk.