Македонија

Мицкоски: Ако Европа не е подготвена да не прими нас цивилизираните Македонци, ќе почекаме да дојдат луѓе кои ќе не разберат

Мицкоски: Ако Европа не е подготвена да не прими нас цивилизираните Македонци, ќе почекаме да дојдат луѓе кои ќе не разберат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на протест пред Владата посочи дека не сака во Европа затоа што има право да се чувствува како Македонец, кој што говори на македонски јазик и се бори за својата Македонија.

„Денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да и стават крај на Македонија, ова нема да им го заборави македонскиот народ“, вели Мицкоски.

Тој јасно порача „Не“ за последниот француски предлог.

„Ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме за кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она што ние денеска сакаме да го кажеме“, вели Мицкоски.

„Македонија над се“, додаде Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни