Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека не смее да се преговара за оваа историска личност затоа што таа ја претставува црвената линија кога е во прашање достоинството на Македонија.
Тој е против преговарањето за историјата на Македонија со нашиот сосед.
„Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет“, посочи Мицкоски.

Една од паролите кои можеа да се слушнат и прочитаат на овој протест е и „За Делчев се протестира, не се преговара“
Опозициската ВМРО–ДПМНЕ попладнево организираше протестен марш за, како што најавија, поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев.
Протестот почна во 18.30 часот пред Министерството за правда, а продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.
.
