Мицкоски: Државниот долг во време на СДСМ е зголемен за 4 милијарди евра

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека државниот долг во време на владеењето на владата од СДСМ е зголемен за 4 милијарди евра.

„Од СДСМ велат дека се справиле со две кризи. Јас еве направив анализа. Државниот долг во СДСМ е зголемен на 4 милијарди евра. На тој начин треба да ги решаваме проблемите? Ние немаме таков пристап работите, тие тоа што уништија, ние ќе го изградиме, но нема неродените генерации да ги задолжуваме. Периодот 1.1.2018, нема да ја земеме 2017 како репер, па се до 31.12.2023, шест години – четири милијарди евра поголем државен долг. Ете така ги решавале проблемите, со пари на народот, трошеле наши, ваши пари“, изјави Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното