Мицкоски: Гаши наместо Ковачевски да биде мандатар на владата до предвремените избори, за него е можност да ја реши енергетската криза, за ДУИ и Ахмети, Албанец премиер

Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

Мицкоски тоа го посочи и како одговор на обвинувањата на соработникот на Али Ахмети во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила Албанец технички премиер на владата.

– Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини, и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните. Ако таквата личност биде предложена од најголемата партија во парламентот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец.

Тоа можеме да го видиме ако се охрабрат и излезат на избори, рече Мицкоски додавајќи дека еве им можност и на Гаши да се покаже но и ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него наместо Ковачевски за мандатар на владата.

Поврзани вести

Бектеши и Лорер потпишаа Меморандум за разбирање за промоција и инвестициска соработка на малите и средни претпријатија од Северна Македонија и Бугарија

Министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за иновации и раст на Република Бугарија, Даниел Лорер денеска во Софија во рамки на заедничката седница на македонската и бугарската Влада потпишаа Меморандум за...

Ковачевски: Бугарите во Македонија може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес конференција во Софија со премиерот на Бугарија, Кирил Петков истакна дека „постојат држави како што е Република Северна Македонија каде што индивидуалните права се остаруваат...

Ковачевски: Успех е ако до 2023 се отвори нов граничен премин, а до 1-ви март имаме комерцијални летови Скопје-Софија

Димитар Ковачевски и Кирил Петков на заедничка прес конференција рекоа дека во Скопје и Софија се разговарало за политичките прашања меѓу двете земји, со акцент на темите кои ги опфаќаат ново-формираните работни...

Дали пуканките се едни од најздравите закуски?

Пуканките се една од најпопуларните закуски. Сепак, честа дилема е дали пуканките навистина се една од најздравите закуски? Пуканките се навистина одличен избор за грицкање доколку не сакате да...

Најважното

Ковачевски: Бугарите во Македонија може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес конференција во Софија со премиерот на Бугарија, Кирил Петков...

Ковачевски: Успех е ако до 2023 се отвори нов граничен премин, а до 1-ви март имаме комерцијални летови Скопје-Софија

Димитар Ковачевски и Кирил Петков на заедничка прес конференција рекоа дека во Скопје и Софија се разговарало за политичките прашања меѓу двете...

Петков: Во следните 4 месецеи историската комисија ќе има барем три средби

Денеска на прес конференцијата меѓу премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков беше посочено дека се интензивира работата на Мешовитата комисија прашања меѓу...

Ковачевски – Петков: Ги поставивме основите за брз напредок на меѓусебните односи

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков имаа тет-а-тет средба во рамките на официјалната посета на владината делегација на Северна Македонија на...

Работните групи на владите на Македонија и Бугарија ги поставија основите за работа и го утврдија роковите за исполнување на приоритетите

Во насока на продлабочување на билатералната соработка меѓу РСМ и Бугарија, во рамките на заедничката седница на двете влади во Софија, се...