Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг го повика премиерот Димитар Ковачевски на ТВ дуел пред македонската јавност за тоа што нуди тој, а што (не) нуди владата.
„Го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики“, вели Мицкоски.
Тој додава Ковачевски да не дезертира затоа што таму ќе го чека!