Во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откри дека од страна на пратеничката група ќе биде поднесен предлог за расправа за доверба на Владата.
– Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицискии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување на ТВ21 во емисијата „Клик плус“.
Тој рече дека во Собранието ќе може да се слушат аргументи, и ќе биде одлично за министрите и за премиерот да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба.
Мицкоски најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собрание ваквото барање и неделата потоа ќе се отвори дебата во Парламентот.
-Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола, кажа Мицкоски.
The post Мицкоски: Ќе поднесеме предлог во Собранието за доверба на Владата appeared first on TV21.mk.

