AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Мицкоски ќе се обрати во 14.30 – ќе ја поддржат Арсовска за градоначалник на Скопје?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе се обрати во 14.30 при што се очекува да ја соопшти одлуката на партијата дали ќе ја поддржат Данела Арсовска како кандидат за Град Скопје.

„Почитувани, Ве известуваме дека денес (29.08.2021) во 14:30 часот, пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе биде дадена изјава за медиуми, при што ќе се обрати проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во најавата од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска Извршниот и Централниот комитет на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ одлучуваат дали партијата ќе ја поддржи кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која во петокот објави дека ги собрала потребните потписи, на овие избори да биде независен кандидат, јавуваат повеќе медиуми.