Мицкоски: Македонија се соочува со огромна криза, а владата дава 270.000 за фризерница и пари за обука на магариња

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека додека државата се бори со здравствена и национална криза, владата дава пари за фризерници и за обука на магариња.

Се вчитува...

„Македонија се соочува со огромна здравствена и би рекол национална катастрофа. Само денес 383 новозаразени, додека 7 животи згаснаа поради Ковид,
тоа се 7 семејства кои изгубија свој близок, 7 места помалку на трпезите во 7 семејства. Тоа се личности со име и презиме, а не само бројка. Денес секој 4ти кој
се тестирал за Ковид е позитивен.

Што направи Владата? Владата дава пари од 270 илјади евра за берберница и пари за обука на магариња и коњи.
Неспособноста на Владата чини животи.

И една порака до челниците на Владата кои делуваат како мафија: украдовте избори, делевте картички, парите на народот ги трошевте додека сите нѐ
задолжувавте, брутално крадете, нема гадост која не ја направивте и работа за која не излажавте, сето тоа не придонесе да се решат проблемите, вие тие проблеми ги
создавате“, рече Мицкоски.

.

Извор: ТВ21