Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Македонија во моментов има убедливо најниска цена на нафтата во регионот и дека нема опасност од недостиг на горива.
При увидот на изградбата на пречистителна станица во Чучер Сандево, тој направи споредба со соседите, посочувајќи дека дизелот кај нас е значително поевтин отколку во Албанија, Србија, Грција и Косово, што создава зголемен притисок врз бензинските пумпи во пограничните предели.
Иако поради големата побарувачка од граѓани од соседството на одредени места горивото побрзо се троши, премиерот увери дека залихите се редовно се дополнуваат и дека состојбата на светските берзи веќе бележи пад.
Владата будно ги следи случувањата и засега не гледа потреба од прогласување кризна состојба, а воедно се подготвува за дијалог со сопствениците на големите маркети со цел да се спречи неосновано зголемување на цените на основните производи.
Мицкоски најави дека државните инспекторати ќе бидат на терен за да го заштитат стандардот на граѓаните, истовремено отфрлајќи ги предлозите на опозицијата за намалување на даноците како несериозни и популистички.