Мицкоски: Очекувам Законот за јазиците да „падне“ на Уставен, СДСМ прва кај албанските гласачи, ДУИ втора

Доколку се суди согласно правото во оваа држава Уставниот суд треба да го отфрли донесениот Законот за употребата на јазиците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тие како партија не се против примената на јазиците на етничките заедници, но како што додава тоа мора да биде согласно уставот и законите.

-Во целокупната процедура има многу недостатоци. Има многу дивјаштво, многу насилство и сето она што се случуваше навистина не прилега на една демократска земја која што се стреми утре да биде дел од европското семејство. Она што како партија ние го ветивме, вчера го сторивме. Поднесовме кривични пријави против луѓето кои што се соочесници во ова злодело и насилство врз уставот, законите и парламентарните процедури – рече Мицкоски.

За носењето на Законот за употреба на јазиците, кој според нив е противуставен, Мицкоцки ги обвини СДСМ. Вели дека ова е тргување со гласовите на втората најголема етничка заедница во Македонија во пресрет на претседателските избори.

-Тоа го прави првата политичка партија помеѓу албанските гласачи, а тоа е СДСМ и втората во овој случај ДУИ е навистина неприфатливо и ние како политичка партија апелираме дека ова не може да се толерира – рече Мицкоски.

Со реакција се јави СДСМ. Од владејачката партија ги отфрлаат сите обвинувања на опозицијата дека донесениот закон е противуставен.

-Не е точно дека Законот за употреба на јазиците е неуставен. Вистината е дека во целост е во согласност со Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. Законот  ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот никако не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик кој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат од целиот свет – велат од СДСМ.

Со сличен став и ДУИ. 

ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесе кривични против претседателот на Собранието, Џафери, заменик -секретарот Ибраими и директорот на Службен весник, Костовски. Причината е објавувањето  на Законот во Службен весник без потписот на претседателот Ѓорге Иванов. Од Кабинетот на Џафери, за ТВ21 велат дека собранискиот спикер, законот го испратил во Службен весник согласно Членот 52 и 75, Став 1 и 2 од Уставот. За истиот закон, Јове Кекеновски во името на Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на законот.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното