Билатералниот спор со Бугарија ќе стане мултилатерален и идната Влада ќе го коригира, и репреговара, а потребен е и сериозен капацитет од страна на Европската унија и поддршка од меѓународната заедница да се репреговараат тие позиции, бидејќи во овие околности во кои сега се наоѓа Македонија не нудат европска иднина – рече во отвореното студио на МТВ лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ако нема соговорник од другата страна, со 61 пратеник ќе го напуштиме договорот со источниот сосед-нагласи Мицкоски
„Ние сме подготвени со формирањето на новата Влада да седнеме со нашиот источен сосед и да го репреговараме оној дел кој цениме дека не нуди иднина, односно не нуди интеграција туку напротив не фрустрира. Има за обид да ја оддалечи Македонија од Европската унија и подготвени сме буквално да инсистираме на тоа да седнеме на маса и се надеваме дека со поддршка на нашите пријатели од меѓународната заедница тоа ќе го издејствуваме“, кажа Мицкоски.
Ако вистински се менаџира енергетскиот систем Македонија нема да биде увозно зависна од електрична енергија – тврди Мицкоски, уверувајќи дека потребен е план за модернизација на РЕК Битола и Осломеј,но и на хидро капацитетите и електраните. На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.
Владата нема мнозинство за уставните измени тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека тој и неговата партија преговараат за ново мнозинство, коалицијата која ја предводи е стабилна, за разлика од разногласието кое, како што тврди Мицкоски владее во владејачката коалиција.
Миле Ристески