Македонија

Мицкоски: Понудивме обезбедување на ресурси за производство на поевтина струја која ќе ја понудиме на стопанството за да спасиме илјадници граѓани

Мицкоски: Понудивме обезбедување на ресурси за производство на поевтина струја која ќе ја понудиме на стопанството за да спасиме илјадници граѓани

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ загрижен како што рече тој е по завршувањето на средбата со премиерот. Тој застана пред медиумите и откри што му понудил на Димитар Ковачевски. Рече дека преку поевтини ресурси може да се произведе поевтина струја.

„Обезбедување поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, цената по која ќе биде донесен зголемна со трошоците ќе даде цена која ќе биде 2 пати помала од таа што е на берзите. Таа количина наш предлог е да ја отстапиме на стопанството за да спасиме илјадици наши граѓани. Стопанствата не се во кондиција да ја плаќаат берзанската цена за струја“, изјави Мицкоски.

Како гасот ќе се донесе во Македонија, Мицкоски немаше одговор. Тој додаде дека денеска работи само еден Блок во РЕК Битола.

„Во Неготино работи само една турбина, хидро-потенцијалот наместо на 80 е на 20%. Ова е загрижувачка состојба. Во Битола има за десетина пати помалку јаглен. Нејасно е дали имаме или не гас во моментов“, додаде Мицкоски.

Средбата во Влада траеше два часа, а на неа беа пемиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни