Македонија

Мицкоски: Потребни се предвремени избори, народот е против оваа Влада

Мицкоски: Потребни се предвремени избори, народот е против оваа Влада

„Власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но ние цениме дека е добро да има предвремени избори, исто како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои што ние го црпиме нашиот легитимитет“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ 2.

Според него, треба да се искористат сите демократски алатки со цел доаѓање до предвремени парламентарни избори.

„И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат дека владата е катастрофална, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ велат дека владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки кој што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори“, вели Мицкоски

Тој во интервјуто се осврна на неколку актуелни политички прашања, поврзани со односите помеѓу политичките субјекти во Македонија, состојбите и политичките текови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни