Македонија

Мицкоски: Работата не е сјајна – средба добивме можеби поради суета

Мицкоски: Работата не е сјајна – средба добивме можеби поради суета

На Илинденска број 2 започна средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Самиот факт што денеска само 500 семејства се разбудија со топли радијатри е доволен доказ дека работата не е сјајна, би рекол катастрофална е работата, цените дека како ВМРО-ДПМНЕ во овие тешки моменти треба да се помогне тоа го правиме веќе две недели, разговаравме со коморите, разговараме и со бизнисот, нормално секојдневно комуницираме и со граѓаните, побаравме и официјално средба и вчера добивме потврден одговор“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред средбата.

Мицкоски рече дека нема да се разговара на други теми освен енергетика.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни