Македонија

Мицкоски се предомисли, ќе оди во Благоевград

Мицкоски се предомисли, ќе оди во Благоевград

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , одлучил да ја предводи партиската делегација в недела на отворањето на македонскиот кулутрен клуб во Благоевград, објави Сител. Ваквата одлука доаѓа откако беше објавено дека таму нема да биде премиерот Димитар Ковачевски/

Според претходните партиски најави, во Бугарија требаше да патуваат само претавници од раководството на партијата, но не и Мицкоски, кои имал работни обврски во Охрид, но доцна одлучил да ја прифати поканата на македонската заедница.

Ковачевски, кој ќе остане во Скопје, ги повика сите оние кои имаат можност в недела да бидат во бугарскиот град, бидејќи како што рече, отворањето културни клубови е начин на кој се зближуваат граѓаните, но и државите. Покана за присуство е испратена и до македонската амбасада во Софија и новата амбадасорка Агнеса Руси Поповска.

Отворањето на македонскиот културен центар, инаку редок феномен во македонско-бугарските односи, мина низ контроверзи изминатиот период, откако Советот на општината го прогласи за непосакуван, за подоцна да биде повлечена декларацијата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни