Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција, по разрешувањето на директорот на Водовод и Канализација, како и оставката на Генералниот секретар во Град Скопје, рече дека секој проект којшто е во насока на развој на градот и натаму ќе ја има поддршката од партијата.
„Секој проект за градот Скопје, којшто е во вистинска насока, без разлика дали ќе дојде од мнозинството во Советот или од Арсовска, ќе ја има нашата поддршка. Секој проект којшто ќе оцениме дека не е во насока на добри политики за развој на Скопје, ние нема да го поддржиме“, рече Мицкоски.