По серијата напорни преговори со раководството на „ОКТА“, постигнат е договор за продолжување на рокот на претходно договорениот попуст за горивата, кој сега ќе биде на сила до 18 мај.
Оваа одлука овозможува дополнително намалување на цената за два денари по литар за бензините и три денари за дизел горивата, при што се изразува надеж дека по овој период кризата ќе се стабилизира и пазарот ќе се врати во нормална состојба.
Сепак, покрај позитивните вести за компаниите што се снабдуваат од овој извор, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека се појавиле и индиции за одредени злоупотреби кои во моментов се предмет на детални проверки.
„Постојат информации дека некои деловни субјекти кои ги користат овие повластени цени вршат реекспорт на бензинот и дизелот во соседните држави, што се оценува како непотребно и шпекулативно однесување“, вели Мицкоски.
Според него, треба да се прекине со ваквата практика, бидејќи државата не воведе забрана за извоз ниту пак ги затвори границите за странските граѓани.
