Мицкоски: Свиркачи кај нас донесоа искази за случајот „Рекет“, во нив има имиња од власта (ВИДЕО)

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска откри дека до нивната партија се доставени искази за случајот „Рекет“. Тој напомена дека во нив има имиња на власта, не сакајќи да открие детали. Мицкоски рече дека ќе ги објави, само доколку тој и неговата партија видат дека водењето на овој случај оди во друг правец.

„Свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите дадени кај обвинителката за случајот „Рекет, и наредби за вешатањата и резултатите од истите. Тука моето име го нема, но има имиња од луѓе во власта. Внимателно ќе го набљудуваме случајот, и нема да правиме шоуа презентирајќи ги овие документи, се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент ќе гледаме дека се штитат лицата поврзани со овој случај, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста“, рече Мицкоски на прес-конференцијата.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното