Македонија

Мицкоски: Треба да имаме пониска цена на бензините – и да не поскапува дизелот

Мицкоски: Треба да имаме пониска цена на бензините – и да не поскапува дизелот

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека денеска Регулаторната комисија ќе ја намали цената на бензините, како резултат на одлуката на Владата за намалување на акцизите. Мицкоски додаде дека не се очекуваат значителни промени во цената на дизелот.

„Овозможивме Регулаторната комисија денеска да ги намали акцизите за дизел од 4 денари по литар, а за бензините од 2 денари по литар. Исто така, во разговор со ОКТА, успеавме да обезбедиме дополнителен период од еден месец за попустот од 3 денари за дизел и 2 денари за безоловен бензин. Кога сето ова ќе се стави во функција, за бензините треба да имаме поевтина цена, а за дизел не би требало да имаме покачување на одредени бензински пумпи, и покрај сериозната предизвикувачка состојба во државата“, истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека состојбата со резервите на гориво е стабилна.

„Од аспект на количини сме стабилни. Потрошувачката се зголеми од 1,5 милиони литри на 2 милиони литри на ден. Имаме притисок од пограничните места. Ја продолживме мерката за ДДВ од 18 на 10 проценти, со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните и бизнисот“, додаде Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни