Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствуваше на Самитот на Европската народна партија (ЕПП), каде заедно со водечки европски лидери и претставници се дискутираа клучни прашања за иднината на континентот.
Според Мицкоски, размената на идеи, искуства и визии била од особено значење, а атмосферата на самитот била исполнета со енергија, соработка и заедничка посветеност кон европските вредности.
„Овој самит претставува одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси. Убеден сум дека ваквите средби придонесуваат за подобра иднина и посилна Европа за сите нас“, изјави Мицкоски.
Настанот ја потврди важноста на соработката меѓу државите членки на ЕПП и ја истакна потребата за континуирана посветеност кон заедничките европски цели.
