Мицкоски: Висок функционер од СДСМ менувал извештаи во кривична пријава за компании поврзани со ископ во РЕК Битола

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во ТВ21 во „Клик Плус“ одговори на прашањето зошто екс министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ветил дека ќе открие многу корупциски скандали, но засега нема ниту една.

Еве што кажа Мицкоски.

„Тоа треба да го прашате обвинителството зошто не постапува по кривичните пријави, дваесетина мислам дека беа. Еве јас ќе ве насочам што да прашате. Дали висок полициски функционер на СДСМ менувал извештаи во кривична пријава за компании поврзани со ископ во РЕК Битола? Поставете го тоа прашање, прво би сакал да видам што тие ќе одговорат, па ние ќе одговориме на тоа прашање“, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Висок функционер од СДСМ менувал извештаи во кривична пријава за компании поврзани со ископ во РЕК Битола appeared first on TV21.mk.