Македонија

Мицкоски: Власта нема мнозинство за уставни измени, потребни се предвремени избори

Мицкоски: Власта нема мнозинство за уставни измени, потребни се предвремени избори

Она што можам да го заклучам е дека мнозинството нема мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучок логичен след на настаните е Парламентот да се распушти, да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентрани избори, нагласи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска по лидерската средба во Собранието.

Мицкоски изјави дека на лидерската средба не се разговараше за ниедна важна тема.

Не стана збор за инфлацијата од 20 проценти , не стана збор за ниедна тема што им е важна на граѓаните рече Мицкоски со констатација дека Владата се обидува да направи дефокус од вистинските проблеми и дека се фокусирале само на некои теми како евроинтеграцијата , за која што многу пати се разговарало.

Немаат мнозинство за уставни измени и водејќи се од овој заклучот, излезот е Парламентот да се распушти, да имаме техничка Влада и да одиме на избори. Се делеше еден смешен документ, како заклучоци, што се рабира не го прифативме, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека преговарчката рамка ваква каква што е, не е вистинскиот пат кон Европа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни