Поврзи се

Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен Закон за јавно обвинителство

Published

on

Дел од членовите во новиот предложен закон за јавно обвинителство се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во неколку наврати се крши Уставот и Обвинителството го става под контрола на власта, истакна денеска на прес-конференција претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој презентираше дел од забелешките во јавноста, а тие допрва ќе бидат доставени до претставниците на СДСМ кои треба да ги разгледаат, а потоа да биде договорена средба.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека при анализата на Предлог законот партијата консултирала повеќе правни експерти кои, како што кажа, се подготвени да ги бранат забелешките.

-Текстот продолжува по рекламата-
-Носењето квалитетен закон за јавно обвинителство би значело решение по кое Зоран Заев и неговата екипа ќе треба да одговараат и  да се докажуваат низ една транспарентна и законита постапка за сите обвинувања за криминал и афери.Токму затоа последниот кој има интерес во државата од квалитетно решение за јавно обвинителство е Заев. И затоа се толку силно фокусирани кон опструкции и кочење на носење квалитетно законско решение, но и наметнување на предлог закон кој ќе гарантира своевидна амнестија на криминалот на власта преку целосна контрола врз обвинителството, рече Мицкоски.

Повторно предлагаат, рече Мицкоски, формирање на посебно обвинителство со енормно високи плати и додатоци на посебна каста на привилегирани обвинители, а на штетата на обвинителите во редовното обвинителство.

-Предлагаат закон кој што е антиуставен и во спротивност со кривичното право. Со законот се наметнува обврска на Советот на јавните обвинители да ги префрли обвинителите од СЈО во рамките на новото обвинителство за организиран криминал, што е противуставно и противзаконски, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Loading...

Мицкоски во неколку точки ги образложи, како што кажа, дел од забелешките.

-Начелото на единственост на јавното обвинителство, утврдено во Уставот, не дозволува основање и укинување на „други паралелни обвинителства“ како што предлага СДСМ. Оттука, членот 24 за формирање на такви обвинителства е противуставен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, член 26, став 2 не води сметка за уставното начело на двостепеност во заштитата на правата на јавните обвинители.

-Став 5 од членот 26 доведува до нееднаков третман на јавните обвинители. Не се јасни причините зошто Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не можат да бидат упатени во друго јавно обвинителство, рече тој.

Како што кажа, ставот 2 го крши принципот на хиерархија кога вели дека Јавното обвинителство без согласност на ЈО при ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не може да преземе кривично гонење или вршење на одделни работи за кои е надлежно ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција или да овласти друго ЈО. Со овој став, додаде Мицкоски, повторно се прави паралелизам во ЈО слично на она како што беше со СЈО.

-Изборот на јавен обвинител го врши Собранието како политички орган по предлог на Владата и по прибавено позитивно мислење на Советот на јавни обвинители, па според тоа изборот е политичка проценка и одлука на одредено мнозинство во Собранието. Лицето кое би било предложено треба да е од поширока компетентната правна фела, а за таква треба да се вклучи и научната и стручната универзитетска фела, од редот на редовните професори по право кои се избрани на предмети од правосудна област. Тоа во текот на минатогодишната рунда на преговори односно минато месечните рунди на преговори веќе беше договорено, но повторно се враќаат на почетната позиција, тврди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Со решенијата на членовите 63 и 64, според него, пренагласена е улогата на Советот на јавните обвинители во селекцијата на предложените кандидати преку т.н. претходно позитивно мислење за одреден кандидат за истиот биде предложен од Владата.

-Односно тоа како би изгледало во пракса, Заев би нарачал, а Јовески би испорачал. Терминот „мислење“ нема правно обврзувачка сила. Од решенијата, произлегува дека без претходно позитивно мислење, Владата нема да може да предложи кандидат и огласите да се повторуваат до бесконечност, што претставува правна замка од која нема да може да се избере нов Републички обвинител од страна на новото Собрание, смета Мицкоски.

-Со решението кое СДСМ го предлага доаѓа до неможност новата Влада да предложи, а новото парламентарно мнозинство да го разреши републичкиот јавен обвинител односно постојните политизирани и компромитирани решенија да бидат зацементирани во иднина, рече Мицкоски.

Зборуваше и за платите на односно дека согласно член 102 јавниот обвинител од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е привилегиран, „односно неговата плата е за 5 отсто помала од платата на државниот јавен обвинител, а платата на другите јавни обвинители е како онаа на јавен обвинител на вишото јавно обвинителство“.

Дополнително, членот 103 остава простор за продолжување на лошата пракса да се доделуваат додатоци, вели Мицкоски, посочувајќи на опасноста да се повтори она што се случуваше во СЈО.

– Членовите во преодните и завршните одредби се противуставни и се во директна колизија со законот за кривична постапка од причина што тој закон не го познава незаконското следење на комуникациите, а уште помалку т.н. кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, па оттука невозможно е обвинителството да ги интегрира тие дела во делокругот на својот прогон, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој закон практично треба да се озаконат процеси што веќе се во тек бидејќ предметите на СЈО се во државното обвинителство и по нив се работи.

🔴 [ВО ЖИВО] Прес конференција на Христијан Мицкоски

🔴 [ВО ЖИВО] Прес конференција на Христијан Мицкоски

Gepostet von TV21 am Donnerstag, 23. Januar 2020

Извор: ТВ21

Loading...

Совет за етика во медиуми

Македонија

Во Брисел средба Димитров и Вархеј – разговарале за идните чекори до почетокот на преговори со ЕУ

4NEWS.mk

Грантови за уште 31 фирма преку Фондот за иновации

Македонија

Кротката убавица Бојана, покажа дека е лавица и го победи карциномот

4NEWS.mk

Заев со писмо до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална МПЦ-ОА

Македонија

Заев: Замениците министри посветено ќе работат – ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да гласа за изборот на замениците

4NEWS.mk

Собраниска расправа за избор на замениците-министри во Владата

Македонија

Заев со писмо до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува црковна независност и автокефална МПЦ-ОА

4NEWS.mk

Театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани

Македонија

Усвоени измените на Законот за образование – во вонредни услови стартот на учебната година го утврдува Владата

4NEWS.mk

Утврдени мерките за откупот на грозјето

4NEWS.mk

ЕКСКЛУЗИВНО: Бугарскиот меморандум во целост објавен

Македонија

ВИДЕО: Еве како изгледаше синоќешното апсење на дилери на дрога во Кичево

4NEWS.mk

СДСМ: Нема да коментираме ставови од земја каде има политичка дестабилизација

Македонија

Албанскиот јазик отстранет од меморандумите! Царовска вели нема промени, но соопштенијата се испраќаат само на македонски

4NEWS.mk

Ѓоргиев за Сител: Архивите откриваат дека Гоце бил и Бугарин и Македонец

Македонија

Се огласија од иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е само лош глумец

Македонија

ВИДЕО: Полиција околу зградата во која живее Гордана Јанкулоска, се проверува секое возило

Македонија

Груби: ТАВ Македонија нема да гради аеродром во Штип, средствата ќе се пренасочат за подобрување на животната средина

Македонија

Касами: Приватните компании треба да спроведат двојазичност, бидејќи дел од дипломираните Албанци не говорат добро македонски

Македонија

По барањето на Бугарија – Џафери: Идентитетот на граѓаните е потврден

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com