Македонија

Мицкоски: Во Кавадарци се гради, а не се краде – капиталните проекти се реализираат со динамика

Мицкоски: Во Кавадарци се гради, а не се краде – капиталните проекти се реализираат со динамика

Премиерот Христијан Мицкоски денес оцени дека капиталните проекти во Општина Кавадарци се реализираат со значајна динамика. Тој ја искористи посетата за да им честита на градоначалникот, советниците, пратениците и колегите во Владата за нивниот ангажман во обезбедувањето дополнителни средства за инвестиции во општините.

„Тоа што во минатото се крадеше, сега се гради. Суштинската разлика помеѓу Владата на СДСМ и ДУИ која 7 години крадеше и оваа Влада е во тоа што откако сме на власт веќе 15 месеци континуирано започнуваме нови проекти и ги завршуваме старите“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Општина Кавадарци во првите два повика добила околу 7 милиони евра, средства кои, како што истакна, значително придонесуваат за локалната економија и за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

„Градскиот базен кој наскоро ќе биде пуштен во функција ќе биде место каде кавадарчани ќе се дружат и ќе го поминуваат дел од летните денови. Според динамиката на работа, очекуваме следната година тој да биде целосно функционален“, додаде премиерот.

На крајот, Мицкоски изрази благодарност до сите кои вложуваат дополнителна енергија за подобар живот на граѓаните, вклучувајќи ја и министерката за образование, како и сите локални и државни структури ангажирани во проектите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни