На новинарско прашање за тоа дали ќе го прифати предизвикот од пратеникот на ДУИ, Изет Меџити, кој рече дека ќе гласа „за”, ако има интерпелација за првиот вицепремиер Артан Груби, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека тоа е „добра можност за целосно промена на власта”.
„Јас на тој предизвик само ќе одговорам со контрапредизвик, ајде сите заедно 61 да гласаме за распуштање на Парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори“, истакна Мицкоски.