Мицкоски: Заев бега од дебата, условува, се криe…

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на својот „Фејсбук“ профил напиша дека Премиерот Зоран Заев бега од дебата со него, откако на протестниот марш во средата го покани да излезат на ТВ дуел. Мицкоски напишта дека самиот Заев барал ТВ дуел, а сега истиот го избегнува.

„Ајде да се соочиме на дуел и граѓаните да видат кој е криминалец, а кој чесно си ја извршува својата функција”, вака зборуваше Зоран Заев во 2013-та година, и во 2016-та година велеше (цитирам), “заслужува граѓанинот на Македонија да види дебата помеѓу премиерот и шефот на опозицијата”. Денес 2018-та година месец декември, премиерот Зоран Заев бега од дебата. Условува, се препелка, лаже, се крие, затоа што не сака да се чуе вистината. И уште еднаш, којзнае по кој пат, си го погазува претходно реченото. Бега и се крие од дебата, по втор пат, првиот одби во кампањата пред референдумот, и сега на крајот од годината, а се крие затоа што треба да даде одговори за црнилата кои ги донесе на Македонија. Не сака да одговори за името кое спротивно на волјата на граѓаните го менува, за даноците кои ги покачува, со кои се удира по сите граѓани, а не само по богатите, за уништеното здравство и фактот дека Македонија е најзагадена држава во Светот, за сиромаштијата, за очајот и изневерените очекувања. За тоа дека нема просечна плата од 500 евра, дека нема поврат на ДДВ, нема инвестиции, го нема животот кој го ветуваше“, напиша Мицкоски. 

Се вчитува...

 

Извор: ТВ21