Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку Фејсбук изјави дека Заев и СДСМ бегаат од избори.
„Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!“
Вечерва заседава Извршниот одбор на СДСМ, каде се очекува да биде донесена одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори. Како што претходно објави ТВ21, нема да има предвремени парламентарни избори.
Изјавата на Зоран Заев по завршувањето на ИО, ТВ21 ќе ја пренесува во живо!