По ратификацијата на договорот во грчкиот парламент порака испрати и Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.
„Денес е тешко, тажен ден за Грција. Владата, со големо мнозинство, гласаше за катастрофалниот договор во Преспа.
Нејзината ратификација значи официјално признавање на македонскиот јазик и идентитет за жителите на Скопје за прв пат од страна на грчката влада“, вели во пораката испратена од Претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис.