Македонија

Мицотакис ќе и соопшти на Меркел дека ќе го почитува Преспанскиот договор

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната средба со германската канцеларка во Берлин ќе го пренесе ставот дека Владата на Грција ќе го почитува Договорот од Преспа, објавува „Екатимерини“.

– Што се однесува до договорот за името од Преспа, Мицотакис ги има сите причини да го истакне својот став дека грчката надворешна политика е стабилна и оти тој ќе го почитува секој договор потпишан од претходната администрација, наведува „Екатимерини“.

Привлекување директни странски инвестиции, презентација на претставувањето на владиниот план за реформи и развојните активности на Грција во текот за следната деценија (2020-2030) кои ќе се прошират меѓу другото и во секторите животна средина и енергетика, според грчки владини извори е целта на посетата на Кирјакос Мицотакис на Берлин и денешната средба со Ангела Меркел, jави дописничката на МИА од Атина.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни