Киријакос Мицотакис, претседателот на најголемата опозициска партија во Грција „Нова Демократија“ денеска истакна дека во текот на протестите кои вчера беа организирани во Атина, зборувал народот, и неговиот глас мора да биде слушнат од сите оние кои го поддржуваат Договорот од Преспа.
Мицотакис додаде дека договорот од Преспа, кој го признава македонскиот јазик и идентитет, е спротивен од националните интереси на Грција и дека не ужива поддршка од другите партии.
„Во неделата властите не размислуваа дали со солзавец ќе нападнат стотина илјади мирни протестанти. Меѓу нив беа и семејства, мали деца и стари лица. Сите мораат да знаат дека ќе сносат одговорност за она што се случи на плоштадот Синтагма. Целта беше да се растури протестот“, истакна Мицотакис кој додаде дека „вештачкото“ мнозиство во Парламентот е празен пред пред милиони Грци кои го отфрлаат договорот.