Балкан

Млад Британец загина во Грција откако хеликоптер му ја отсекол главата

Млад Британец загина во Грција откако хеликоптер му ја отсекол главата

Млад турист од Велика Британија загина на аеродромот во Спата, Грција, откако хеликоптер го здробил пред очите на неговите брат и сестра, објави „Дејли Мејл“. 

Момчето пристигнало од Миконос со приватен лет со уште тројца туристи вклучувајќи го и неговиот брат, додека неговите родители патувале со вториот хеликоптер.  

Точните околности под кои утринава настрадало момчето се уште не се разјаснети, но според досегашните информации, туристите коишто биле во хеликоптерот почнале да излегуваат пред комплетно да запрат пропелерите на авионот. Младиот човек почнал да го обиколува хеликоптерот одзади, но налетал на лопатките на моторот коишто го здробиле за неколку секунди.

„Дејли Мејл“ објави дека пилотот на хеликоптерот е уапсен. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни