Балкан

Млад човек загина на сплавот „Фристајлер“.

Млад човек загина на сплавот „Фристајлер“.

Еден млад човек загина во петокот на сплавот „Фристајлер“ во Белград, објави „Блиц“.

Според првичните информации, несреќата се случила додека го чистеле сплавот. Наводно врз младиот човек паднал фрижидер при што го усмртил.

На почетокот на неделава беше објавено дека се прават подготовки за отстранување на сплавот „Фристајлер“ од реката Сава. Сплавот потона на 1 јануари, нешто по полноќ, за време на новогодишната ноќ.

На реката, зад сплавот, бил поставен голем кран, кој требало да почне да го извлекува потонатиот предмет.

Просторот пред влезот е опкружен со метални огради, а во близина има и обезбедување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни