Свет

Млада девојка почина во својата канцеларија во Букурешт, шефовите не сакале да викнат брза помош!

Млада девојка почина во својата канцеларија во Букурешт, шефовите не сакале да викнат брза помош!

27-годишна девојката починала во својата канцеларија во Букурешт како последица на срцев удар, а претходно шефовите, иако се жалела дека и е многу лошо, не ја пуштале да оди на лекар.

Според медиумите, девојчето изгубило свест на почетокот на работното време, пред десетина дена. Меѓутоа, претпоставените одбиле да повикаат брза помош, ниту пак ја пуштиле младата жена да си оди дома.

Дури откако се онесвестила по втор пат, биле повикани лекарите, но веќе било доцна.

Според Обсервер, станува збор за компанија со околу 100 вработени, а до неодамна повеќето работеле од дома. Меѓутоа, неодамна сите добија наредба да се вратат во канцеларијата, што доведе до конфликт и бројни отпуштања.

“Тоа е издавачка куќа во Букурешт. На девојката прво и се слошило околу 11 часот. Ја изгубила свеста, но никој не сакал да повика брза помош и набрзо се опоравила. Никој не ја ни испратил дома”, изјавил очевидец на трагедија за Обсервер.

Според извештаите, на девојчето наводно и биле дадени таблети калциум, а околу 13.00 часот девојчето повторно изгубило свест.

Само што падна од столот и почна да повраќа. Дури потоа колегите повикаа брза помош. Кога дојдоа лекарите почнаа со реанимација, бидејќи таа беше во несвест и веќе не дишеше“, тврди сведокот.

Набрзо пристигнала уште една екипа на Брза помош, но по еден час реанимација лекарите можеле само да констатираат смрт. Телото е испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Колегите на трагично загинатото девојче велат дека таа била преоптоварена со работа и постојано под стрес. Како и околу 100 нејзини колеги, таа работи од дома во последните четири години. Управата пред околу еден месец нареди сите да се вратат во канцелариите.

Тогаш, според наводите, притисокот станал уште посилен.

„Од работниците барале прекувремена работа, а за тоа не им беше платено“, тврди сведокот.

Според Обсерватор, издавачката куќа не била достапна за коментар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни