Македонија

Млади од Алијанса – Закачија дипломи пред Владата, СДСМ: Невработеност во 2019-та е намалена на 17,1%

Илир Османи завршил факултет и мастер студии, но сепак двете дипломи, како што вели, не му вршат работа. Тој закачи на влезот на Владата по една копија од двете дипломи. Вели дека барал работа, но дека сите врати му биле затворени, добивајќи негативен одговор.

-Доколку државата продолжи со ова темпо и со вакво тактизирање со младите, мислам дека и јас еден ден ќе си заминам од државата-рече Османи.

Заедно со Илир, дојдоа и неколку активисти на Младинскиот форум, изразувајќи го нивниот револт. Велат дека иако завршиле високо образование, сѐ уште не се вработени, а дел од нив веќе заминале во странство.

-Ние тука пред Владата се собравме за да го кажеме она што сакаат да го кажат многу луѓе. Станува збор за модерниот геноцид што оваа и многу претходни Влади им го прават на младите Албанци во оваа држава-рече Лиридона Емини.

Од СДСМ пак, уверуваат дека невработеноста во 2019 година е намалена на 17.1%. Само во третото тримесечје од минатата година, се отворени 5.263 нови работни места, а во моментов има речиси 800.000 вработени.

Престижниот британски неделник, „Економист“, пред неколку недели објави статистика за невработеноста во светот кај младите. Нашата земја продолжува да води на листата за невработеност. Според статистиките на истиот неделник, во 2018 година, невработеноста кај младите (од 15 до 24 годишна возраст), била 44.7%. Со овие бројки, Македонија се рангира на третото место во светот, а по неа следуваат Босна и Херцеговина со 46.7% и Јужна Африка со 52.9% невработеност.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни