Свет

Младиот шпански фудбалер кој исчезна пронајден мртов меѓу вагони

Младиот шпански фудбалер кој исчезна пронајден мртов меѓу вагони

Младиот шпански фудбалер Алваро Прието за жал беше пронајден мртов. 18-годишникот кој исчезна во четвртокот е пронајден меѓу два вагони во Севиља. Се верува дека тој страдал од струен удар на шините бидејќи телото му било изгорено.

Неговиот клуб Кордоба преку социјалните мрежи се прости од долгогодишниот член и ја потврди информацијата.

„Жал ни е да соопштиме дека нашиот млад играч Алваро Прието е пронајдем мртов. Сочувство до семејството на кое ќе му ја пружиме сета потребна помош. Почивај во мир Алваро“, стои во соопштението.
Прието инаку во четвртокот наутро задоцнил за утринскиот воз за Кордоба, откако бил во ноќните клубови во Севиља. Тој потоа се обидел да се качи во наредниот без билет, но бил избркан од контролорите.

Се верува дека Прието се движел кон мостот Кармона и во обид да мине меѓу два вагони на воз кој не сообраќал со месеци, доживеал струен удар. Се работи за место од шините кое е познато по многу високиот напон, а нејасно е како и зошто екс-фудбалерот се нашол на шините… Безживотното тело го пронајде шпански новинар кој известуваше во живо, иако на тоа подрачје синоќа воените структури со кучиња трагаа по Алваро Прието.