Многумина не знаат: Додајте го ова во гравот, ќе се свари за еден час – не е сода бикарбона

Гравот има еден недостаток – потребно е долго време да се готви.

Гравот е исклучително здрава храна. Богат е со влакна, но и со бројни витамини, како и со калиум, магнезиум, фосфор, јод и други минерали. Со негова конзумација, му обезбедувате на вашето тело сите овие важни хранливи материи и минерали.

Сепак, гравот има еден недостаток. Потребно е долго време да се готви. Пред се, потребно е малку да отстои во вода, а потоа да се готви. Кога ќе го собереме сето тоа, тоа е многу време.

За среќа, постои едноставен трик со кој може да се скрати времето на готвење, а со тоа и што поскоро да се направи едно од омилените готвени јадења подготвено за консумирање, пренесува 24седам.

За да се забрза готвењето, луѓето обично додаваат сода бикарбона. Сепак, гравот губи најголем дел од своите корисни соединенија, што воопшто не е добро.

Затоа, наместо сода бикарбона, во шерпата во која го готвите гравот додадете и суви алги. Во основа, еден лист алга обично е доволен за цел шерпа, а пожелно е должината на секоја страна од алгата да биде најмалку 10 сантиметри.

Во случај да не најдете листови со овие димензии, задолжително додајте два или три листови на шерпата.