Министерството за надворешни работи на Македонија реагираше во врска со изјавата на бугарскиот министер Красимир Каракачанов, кој што му порача на Заев да не ја злоупотребува темата со македонскиот јазик, бидејќи според него македонски јазик не постои. Од МНР на Р. Македонија преку соопштение велат: “изјавата е вонредна можност за сличен против – одговор и создавање на негативни и ограничени околности кои ќе не дистанцираат едни од други и ќе создадат повеќе непријателство отколку пријателство. Ние потпишавме договор за пријателски односи и ќе градиме пријателство, но тоа подразбира реципрочно меѓусебно разбирање, почитување и грижа за интересите на соседите“, се вели во известувањето на МНР.
21мин
