Балкан

МНР на Бугарија ќе го коментира бришењето на здружението Иван Михајлов во Битола

МНР на Бугарија ќе го коментира бришењето на здружението Иван Михајлов во Битола

Се очекува бугарското МНР да ја коментира одлуката на властите во Скопје да го избришат од централниот регистар бугарскиот клуб „Иван Михаилов“ во Битола.

Одлуката доаѓа откако минатата недела владината Комисија за имиња на организации и здруженија во Македонија даде негативно мислење за името на клубот.

Според Комисијата, името се поврзува со фашистичка идеологија и ги повредува националните чувства на македонскиот народ, што е во спротивност со донесените измени на Законот за организации, здруженија и политички партии.

Комисијата му препорача на министерот за правда да донесе решение за бришење на организацијата од регистарот, кој беше потпишан истиот ден.

Претседателот на клубот Лубчо Георгиевски изјави дека не биле информирани за одлуката. Тој, исто така, посочи дека своите права ќе ги бараат на суд и ќе продолжат со активностите како и досега, објави БНТ .

Негативно мислење од Комисијата за имиња доби и другиот бугарски клуб во Охрид, цар Борис Трети, а неговата судбина засега е нејасна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни