МНР промовираше телефонска линија за итни случаи со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат или моментално престојуваат надвор од државата. Глобал СОС е телефонска линија на која граѓаните можат да се јават за секаква ситуација и помош што може да им ги понуди МНР со своите дипломатски претставништва во другите држави. Дипломатите кои работат на оваа линија ќе им понудат директна помош на граѓаните или ќе им овозможат врска со институциите и амбасадите, зависно од нивните потреби.
Љуфтим Спахиу од Директоратот за меѓународни односи и конзуларни работи, рече дека според направените анализи, институциите или МНР многу доцна или воопшто не успеваат да добијат информации со потребите и барањата на граѓаните, затоа одлучиле да воведат телефонска линија.
Оваа линија веќе функционира месец и пол и според Спахиу ова услуга се докажала како ефективна. Во „Глобал СОС„ граѓаните можат да комуницираат во директна линија, преку Вибер, Ватсап и е-маил и моментално на тоа работат тројца искусни дипломати. На официјалната веб страна на МНР се наоѓа логото на оваа услуга каде граѓаните можат да кликнат и автоматски да се јават на дежурните броеви на сите дипломатски претставништва на Северна Македонија.
Инаку, според МНР, итни случаи се смртните случаи, несреќите, природните катастрофи, граѓаните кои се физички нападнати или случаи со изгубени документи за идентификација, законска заштита итн.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ