Македонија

МНТ: Чекаме Груби да ја плати штетата – за Ахмети нема вандализам, Заев најавува дека ќе бара одговорност

Владините коалиционери Заев и Ахмети со сосема различни гледања за настаните што се случија во МНТ во петокот. Лидерот на ДУИ на денешното положување цвеќе пред споменикот на Скендербег по повод Денот на албанското знаме рече дека нема ништо спорно што навивачката група „Шверцери“ прославувала во МНТ и дека немало вандализам.

Но, само три часа подоцна, премиерот Заев на пратеничко прашање рече дека на настанот во МНТ е направена не само материјална штета туку и духовна. Рече дека веќе е направен записник од работната група во кое се наведува дека се откорнати тапацири на потпирачи на столици, на ногарки на столици, орнаменти, скршени светилки како и други штети.

Овој одговор на Заев беше на пратеничко прашање на Магдалена Манаскова од ВМРО-ДПМНЕ која праша кој е организатор и кој е потпишан на договорот со МНТ за закупување на просторот. За ова се обративме до МНТ од каде за ТВ21 велат дека на 22 овој месец беа одржани два настани од кои првиот поминал во најдобар ред а во организација на Министерството за политички систем додека за вториот настан било најавено дека организатор е пратеникот на ДУИ Артан Груби.

Во петокот на одбележувањето на Денот на албанската азбука во МНТ присуствуваше и премиерот Зоран Заев, но по овој настан имаше и одбележување на годишнина од формирањето на навивачката група Шверцери за кое во јавноста имаше обвинувања дека имало дивеење и кршење на инвентарот на театарот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни